Предрасудите ја следат уште од детството: Наташа Беквалац откри детали за кои никогаш не зборувала до сега

Предрасудите ја следат уште од детството: Наташа Беквалац откри детали за кои никогаш не зборувала до сега

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Познатата српска пејачка Наташа Беквалац на своја кожа почувствува што значи да се биде жртва на предрасуди, недоверба и озборувања уште како дете.

Како што многупати досега кажала, сето она низ кое поминала ја направило уште посилна, похрабра и ѝ давало сила да се бори како лавица.

Сепак, како што вели и самата, понекогаш токму овие предрасуди биле причина за нејзината голема тага. Уште како мала се сретнала со некои од нив, а денес се уште поинтензивни и полоши.

- Неверојатно, но со такви работи се среќавам и до ден денес, а тоа се судови и предрасуди, дури сега на многу повисоко ниво - истакна пејачката.

Таа се присети и на нејзините училишни денови, а потоа на памет ѝ дојдоа некои по малку болни спомени од нејзиното детство.

- Кога тргнав на училиште, бев добар ученик, бидејќи, секако, мајка ми беше учителка. Ми велеа: „Па, се разбира, таа е тотално одлична кога нејзината мајка е нејзина учителка“. Тоа се работи кои многу ме повредуваа кога бев дете. Еднаш дури и учителката не ми ја оцени работата и ме замоли повторно да ја пишувам писмената по српски, бидејќи мислеше дека некој друг ми ја напишал - објасни пејачката која нема проблем јавно да искаже сè што ѝ пречи.

Сепак, сето тоа ја натерало Ната да стане уште посилна, психички поподготвена за нови удари и решена никогаш да не попушти пред предизвиците.

- Има една изрека: „Што и да ни се случи, некогаш ќе се смееме на тоа“. Во моментот кога ќе се случат некои работи, изгледа дека нема да можеме да се насмееме кога ќе се потсетиме на нив, но излегува дека можам да реагирам така, речиси на сè што сум доживеалa. Времето навистина ги лекува раните и ве тера да гледате на минатото од поинаков агол. Сите сме живи и здрави, па ништо не е толку страшно – истакна Ната за „Градонлајн“.

Извор: glossy.espreso.co.rs


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: