Преку ноќ стана мегапопуларна: Факти за јужнокорејската убавица од серијата „Squid Game“

Преку ноќ стана мегапопуларна: Факти за јужнокорејската убавица од серијата „Squid Game“

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

За серијата „Squid Game“ зборуваат сите, но огромно внимание привлече и таа.

Хојон Јунг, преку ноќ стана планетарно позната благодарение на серијата „Squid Game“, а еве која е всушност таа...

Откако почна да се прикажува, хит серијата на Нетфликс, „Squid Game“ за кратко време собра огромна публика ширум светот.

Многумина не се во состојба да ја погледнат ниту првата епизода до крај, а изгледа дека најмногу внимание привлече ликот на Канг Сеи Биок (играчот 067), млада девојка од Северна Кореја, која како бегалец останала без членовите на семејството и се приклучила на играта за да може да плати нивното пронаоѓање.

Оваа улога ѝ беше доделена на младата манекенка Хојон Јунг од Сеул.

Хојон Јунг е родена на 23 јуни 1994 година во главниот град на Јужна Кореја, а уште во детството знаела дека ќе се занимава со мода. Манекенската кариера ја започнала уште на 16 години на Модната недела во Сеул, а завршила и модна насока на женскиот универзитет Донгдук, пишува „zadoviljna.hr“.

Заблеска во чевртата сезона на популарното телевизиско шоу „Кореја бара топ модел“ (Korea's Next Top Model).

Иако во сезоната заврши на второ место, многуте работи, вклучувајќи ги и снимањата на едиторијалите за познатите магазини како Vogue Girl Korea, Nylon Korea и Elle Weddig ѝ овозможија медиумско внимание.

На меѓународната сцена дебитираше во 2016 година како модел за модната куќа Луј Витон. Беше дел и од ревиите на Марк Џејкобс, Макс Мара, Фенди, Алтерт Ферети, Џереми Скот, Ланвин, Долче и Габана, Ботега Венет, Роберто Чавали и други познати дизајнери...

Ги красеше насловните страници на јапонскиот и корејскиот Вог и Harper's Bazaar Korea, а се појави и во промотивните спотови за модните куќи Шанел, Луј Витон и Хермес, бредот Gap и кампањата на Сефора, „Let's Beaty Together“.

Во јануари минатата година беше објавено дека ќе стане актерка, како и дека потпишала договор со агенцијата Saram Entertainment. Нејзината одлука за новата насока во кариерата ја поддржа и нејзиниот долгогодишен партнер - јужнокорејскиот актер Ли Донг.

За само неколку дена по емитувањето на серијата на Нетфликс, Јунг стана најпопуларна корејска актерка на Инстаграм со повеќе од 17 милиони следбеници. Иестовремено, Луј Витон ја одбра за своја глобална амбасадорка.

Кога ја прашуваат медиумите на која професија ќе се посвети, таа подготвено им одговара:

„Се надевам дека нема да морам да бирам“ - призна Јунг за американскиот магазин TeenVogue, а потоа додаде: „Многу сум флексибилна и се надевам дека ќе можам да го работам и едното и другото“.

фото: BACKGRID / BACKGRID UK / PROFIMEDIA

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: