Преку социјалните мрежи: Илон Маск во војна против биткоинот
Милијардерот Илон Маск започна војна против биткоинот, најпознатата крипто валута во светот, чија вредност ги сруши на светските берзи со само една од неговите пораки на Твитер!
Вредноста на криптовалутата, како што пренесува Си-Ен-Ен, паднала на берзите за девет проценти на само 42.185 долари, што е најниско ниво од 8 февруари, по објавените зборови на Маск на популарната социјална мрежа.
„Сопствениците на биткоинот ќе добијат шамар во следниот квартал кога ќе откријат дека „Тесла“ ги продава своите биткоини. Со количината на омраза насочена кон Маск, не би го обвинил за тоа“ - наведува корисникот на CryptoWhale во пораката.
На ова следеше одговорот на Маск: „Навистина!“ - по што следуваше нагло опаѓање на вредноста на биткоинот. Набргу потоа, Маск повторно проговори, изјавувајќи дека неговата компанија не продала никаков биткоин. Тоа придонесе за обновување на вредноста на криптовалутата на светските берзи, а нејзината вредност се искачи на 45.190 долари вчераутро. Втората по големина крипто валута во светот, потона на дури 3.123,94 американски долари, а потоа се опорави на сегашните 3.540 америкаснки долари. Dodgecoin се уште е во пад од скоро 7,0 проценти, покажуваат најновите податоци од платформата за тргување со виртуелни валути.
фото: EPA / BRITTA PEDERSEN / POOL