Преслатки се: Бебе ја копира мачката и собра околу 8 милиони прегледи
Видео од бебе и мачка кои седат еден спроти друг во речиси идентични пози стана вирално со неверојатни 7,7 милиони прегледи.
Снимката е споделена на профилот на Fittzzzz, а започнува со приказ на девојченце како седи на подот во дневната соба со широко раширени нозе.
„Каде научи да седиш така? прашува машки глас и ја свртува камерата кон мачката што седи во идентична положба спроти бебето.
@fittzzzz original sound - fittzzzz
„О“, одговара човекот, како сега да го разбира одговорот на прашањето што си го постави.
Авторот на снимката во коментарите откри дека девојчето Блејкли има осум месеци и обожува мачки.
Фото: ТикТок