Преубава, како принцеза од бајките: Мартија Станојковиќ прослави матура
Кумановската Мартија Станојковиќ ја прослави својата матура. Таа на социјалните мрежи објави фотографии на кој изгледа прекрасно.
За оваа пригода, Мартија одбра црн тесен фустан со гол грб, одлично искомбиниран со сребрен накит и мини сребрена чанта.
Инаку, македонската јавност ја запозна Мартија како учесничка во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“ во кое постигна одличен успех . Денес таа често настапува низ клубовите во Македонија, најчесто во придружба на своите колеги.
Фото: Martijastanojkovik/Instagram