Прија ја прочита пораката што ја добила од една Хрватка, а потоа искоментира: „Ги има многу, што да кажам повеќе?
Младата и успешна Александра Пријовиќ распродаде 5 Арени во Загреб.
Додека се шпекулира дали ќе отворат продажба на билети и за шестиот термин, Прија го посети Загреб, каде разговараше за хрватските медиуми.
Во таа прилика раскажа каква порака добила од обожавателка од Хрватска.
- Добив порака: „Купив карта за секој концерт, сега го чекам следниот“.
Има различни пораки и што да кажам повеќе? Нема зборови за да се опише ова чувство и ви благодарам. Ќе дадам се од себе, сакам да се смееме и да плачеме и да скокаме, да уживаме во секој концерт - изјави Пријовиќ.
Таа тогаш коментираше дека билетите за нејзиниот концерт се препродаваат по многу повисока цена отколку што чинат вообичаено.
- Мама ми кажа за тоа. Тоа е нереална бројка, тие билети ги купиле двајца. Не ми се верува дека некој сака да даде толку пари - изјавила многу скромната пејачка.
Инаку, хрватските медиуми ја распнаа поради големиот успех. На никој не мју успеало да ја наполни Арената толку пати. Многу негативни коментари и од српските колеги.
Но Пријовиќ воопшто нема намера да одговара на сето она што се пишува и кажува за неа. Таа оди напред.