Пријанка Чопра откри: Пластичниот хирург по грешка ѝ го корегирал носот

Пријанка Чопра откри: Пластичниот хирург по грешка ѝ го корегирал носот

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Индиската и холивудска актерка и поранашна Мис на светот одлучи да проговори и да открие дека и таа имала естетски зафат, но не по нејзина желба.

Пријанка Чопра (38) често е на списокот на најубави актерки во светот, а во последните неколку години привлекува внимание со бракот со 10 години помладиот пејач Ник Џонас.

Имено, поранешната Мис на светот често објавува фотографии на Инстаграм и во ретки прилики се сеќава на нејзините помлади денови.

Таа сега објави фотографија во бели панталони и горен дел бел костим за капење, а до фотката напиша: - Срам? Никогаш не сум слушнала за тоа. На 19 години.


На фотографијата нејзиното лице изгледа доста поразлично отколку сега. Може да се види дека имала операција на носот, а Чопра во своите нови мемоари објасни дека била „Недовршена“ и принудена да го стори тоа бидејќи имала полипи.

Следбениците беа воодушевени од фотографијата на актерката од нејзината младост, но тие не ја критикуваа, туку таа собра повеќе од 1,7 милиони лајкови. Пријанка, која ја следат повеќе од 61,4 милиони луѓе на Инстаграм, доживеа јавна осуда по зафатот, додека учествуваше на натпреварите за убавина, особено во 2000-тите кога ја освои титулата Мис на светот. Тогаш и дадоа прекар „Пластична Чопра“.


Актерката објасни во своите мемоари дека операцијата на носот требало да биде рутина, но за жал не се покажало така. Нејзиниот хирург случајно уништил дел наречен мост на носот, а тој потоа се срушил. Станува збор за поврзаност на две коски и Пријанка вели дека била згрозена од резултатот на постапката.

- Мојот оригинален нос го нема. Лицето ми изгледаше сосема поинаку. Тоа не бев јас - напиша таа во книгата „Чопра“. 

Таа во книгата зборуваше и за шокантни детали од минатото и рече дека одредени луѓе ја убедувале да се подложи на пластична операција за да успее во светот на актерството.

Првата личност што ја запознала во филмската индустрија и предложила да вметне силикони во градите и да ги поправи своите „пропорции“, со што се согласил нејзиниот тогашен менаџер. 

Набргу потоа, таа го отпуштила својот менаџер и иако не ги помина споменатите операции, успеа во Холивуд.

- Денес е толку „нормално“ тоа во индустријата - заклучи актерката која е 3 години во брак со Ник Џонас (28) од бендот „ The Jonas Brothers“.

Фото: Инстаграм/priyankachopra


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: