Приказната за тоа како го добил прекарот ќе ве расплаче: Претставникот на Норвешка на Евровизија немал лесно детство
Симпатичниот и секогаш насмеам Андреас Хаукеланд освен со интересната песна и настап, се издвои и по интересното уметничко име...
Претставникот на Норвешка на овогодинешната Евровизија се претстави на ова натпреварување со песната „Fallen Angel“. Настапи во екстравагантна бела бунда, со ангелски крилја, а дел од неговиот костим беа и очилата за сонце и лентата на главата на која беше испишан неговиот прекар - Тикс (тикови).
Ова момче, родено во 1993 година во Бермун, за време на гостувањето во емисијата LookLab кај Ники Туторијалс, раскажа дека растел борејќи се со Туретов синдром и стравот од привлекување на внимание. Тој истакна дека луѓето го викале Тикс, а на прашањето на водителката дали тоа било од милост, тој одговори: „Не, не баш...“
Сепак, тој одлучил да го прифати тоа како што е и затоа денес гордо ја носи лентата со овој прекар.
„Еднаш кога ќе се прифатите себе, ќе ја дознаете вистинската среќа. Туретовиот синдром воедно е и благослов и клетва. Меѓутоа, јас повеќе го сметам за благослов, бидејќи благодарение на него, го увидов својот потенцијал во музиката“ - истакна тој во едно од интервјуата кои ги даде овие денови.