Пример за сите: Марија Шерифовиќ сака да помогне на пејач кој живее под мостот во Зеница
Пејачката Марија Шерифовиќ со апел до сите оние кои го знаат момчето кое
живее во шатор под мост, да ја поврзат со неа се со цел да му обезбеди услови
за нормален живот.
"Ова момче спие некаде во Зеница под мост. Се вика Мустафа. Ако некој од Зеница може и сака да го најде, ве молам нек ми се јави и нека ми биде контакт. Нека Мустафа добие дом. И машна", напиша Марија на Инстаграм.
Мустафа со денови живее во шатор и, како што вели на видеото објавено на Јутјуб, не знае како ќе заработи за да изнајми соба и да си обезбеди барем храна. Нема никого, ниту родители, ниту роднини, но би сакал да најде работа каде што може да заработи за живот.