Принцот е копија на мама, а принцезата - слика и прилика на тато: Децата на Шарлин и Алберт од Монако го разнежнија светот
„Најтажната европска принцеза“, Шарлин од Монако во последно време сè почесто е насмеана, а деновите ѝ се повесели откако повторно ги поминува деновите со своите деца...
Изминатите години, светските медиуми во главно пишуваа за Шарлин од Монако како за „најтажната европска принцеза“, а тоа редовно се случуваше во 2021 година, година која за неа беше многу тешка.
Откако на почетокот на 2021 година за време на посетата на Јужноафриканската Република, нејзината татковина, доби инфекција на увото, грлото и носот поради кои 10 месеци беше спречена да се врати во Европа и да биде со своите деца, таа и на Стариот континент беше со месеци во болница.
Сепак, откако е повторно во палатата со сопругот Алберт и нивните деца - Габриела и Жак, принцезата Шарлин сè почесто можеме да ја видиме насмеана.
Таа во последно време е поактивна на Инстаграм, па така сподели и неколку фотографии од Модната недела во Париз и од посетата на азилот за кучиња, а сега на своите следбеници им приреди вистинско мало изненадување.
Имено, принцезата, го објави кралскиот портрет на нејзините наследници - признаците принцот Жак и принцезата Габриела.
Седумгодишните близнаци понекогаш се појавуваат со своите родители на јавни настани, но не ги гледаме толку често, па многумина дури сега забележаа дека принцот Жак ја наследил целата убавина на својата мајка, додека принцезата Габриела изгледа дека повеќе личи на нејзиниот татко.
„Принцезата повеќе личи на татко ѝ, а принцот на мама, секој има свое“, „Принцезата Габриела е девојче на тато и потсетува на својата баба Грејс Кели“, „Дали Габриела уште сама си ги крати шишките? Бог да ги благослови, многу се слатки“ - се дел од коментарите кои следбениците на принцезата Шарлин ги напишаа на Инстаграм.
фото: Принтскрин / Инстаграм