Принцот Хари: Ја изгубив мајка ми, а сега Меган станува жртва на истите сили
Војвотката од Сасекс, Меган Маркл тужи еден британски весник, бидејќи без дозвола објавиле некои нејзини приватни писма, јавува магазинот Hello. На официјалната страница на кралскиот пар, принцот Хари објави долга изјава во која зборува дека неговата сопруга станува една од жртвите на британските таблоиди и дека тоа е многу болно за неговото семејство.
„Како пар, веруваме во слободата на медиумите, објективноста и вистинитоста при известувањето. Ние веруваме во ова врз основа на демократијата, а во моментов во светот, никогаш не ни биле потребни поодговорни идеи. За жал, мојата сопруга е една од последните жртви на британскиот печат кој го плаќаат против одредени поединци без размислување за последиците. Несовесната кампања ескалираше минатата година, за време на нејзината бременост и по неа“ - вели принцот Хари.
Парот нагласи дека досега не успеале да ја поправат грешката и заблудите кои настануваат поради тоа.
„Поради тоа пробуваме да ги поправиме по легален пат, а процесот трае веќе неколку месеци“ - вели Хари. Однесувањето на медиумите кон Меган го нарече малтретирање кое не е прифатено од ниту едно ниво во општеството. Исто така, стравува дека историјата се повторува, бидејќи истото се случувало и на неговата мајка, принцезата Дијана.
„Иако оваа наша постапка не е сигурна, сепак е вистинска. Бидејќи многу ми е страв историјата да не се повтори. Видов што се случува кога некој кој го сакам се доближува до точка кога не го третираат како жив човек. Ја изгубив мајка ми, а сега гледам како мојата сопруга станува жртва на истите моќни сили“ - истакна принцот Хари.
„Иако не изгледа дека ни треба поддршка, навистина ја сакаме“ - додаде тој.