Принцот Хари повторно направи хаос: Изнесе обвинувања против принцот Чарлс - тоа цуклус на болка и страдање

Принцот Хари повторно направи хаос: Изнесе обвинувања против принцот Чарлс - тоа цуклус на болка и страдање

Објавена во: Живот // Живот

Принцот Хари гостуваше во подкастот чиј водител е актерот Декс Шепард. Зборуваше за животот во кралското семејство и го спореди со животот на Труман Бурбенк, кој камерите го следат од раѓање.

Откри досега непознати детали од животот па така раскажа дека со Меган средбите ги договарал во супермаркети во Лондон.

„Се преправавме дека не се познаваме, си испраќавме пораки еден на друг. Луѓето ме следеа, ми упатуваа чудни погледи, доаѓаа до мене за да ме поздрават. На глава имав само качкет, гледав во подот и се обидував да бидат незабележан. Неверојатно е колку гуми за џваќање има на подобро, апсолутен неред“ - рече тој.

Призна дека со години чувствувал дека не се вклопува во кралското семејство и често се чувствувал безпомошно.

„Тоа е работа е, нели? Намести ја насмевка и продолжи. Имав околу 20 години кога помислив дека не ја сакам таа работа, дека не сакам да бидам тука. Не сакам да го сторам тоа. Погледнете што ѝ направи тоа на мајка ми. Како некогаш ќе се смирам и ќе имам семејство, ако знам дека тоа ќе се повтори“ - рече Хари и додаде дека тогаш имал психичка криза затоа што не ја преболел смртта на својата сакана мајка.

Поради Меган, тој побарал помош од психотерапевт затоа што бил фрустриран од постојаното мешање на медиумите во неговиот живот. Тогаш се чувствувал подобро и сфатил дека мора да промени нешто затоа што нема друг излез.

Тој го спомна и својот татко, принцот Чарлс (72) и објасни дека му било многу тешко поради родителските методи на неговите баби и дедовци, принцот Филип и кралицата Елизабета Втора (95). Тој рече дека неговиот татко се однесувал кон него како што го третирале неговите родители, па затоа ја нарекол „генетска болка“.

„Не треба да обвинуваме никого или да покажуваме прст кон никого, но кога станува збор за родителството, ако сум доживеал некаква форма на болка или страдал од болка што ја претрпеле татко ми или моите родители, ќе се погрижам да го прекинам тој циклус така дека не, јас не би го продолжил“ - рече тој.

„Никогаш не знаев за тоа, и одеднаш почнав да ги составувам парчиња од сложувалката: ова е местото каде што тој одеше на училиште, тоа се случило, знам за неговиот живот, исто така знам дека тоа е поврзано со неговите родители, па така, тоа значи дека тој се однесувал кон мене како што се однесувале кон него, па како можам да го сменам тоа кон моите деца“ - рече принцот и ја продолжи приказната.

„Еве, го преселив целото семејство во САД, тоа не беше план, но понекогаш треба да донесете одлуки и да го ставите семејството и вашето ментално здравје на прво место.“

фото: EPA

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: