Принцот Хари: Со алкохол и дрога ги криев емоциите поради смртта на мајка ми

Принцот Хари: Со алкохол и дрога ги криев емоциите поради смртта на мајка ми

Објавена во: Живот // Живот

фото: Profimedia

Принцот Хари, војводата од Сасекс, рече дека траумата од смртта на неговата мајка го натерала да ги маскира своите емоции со алкохол и дрога и да ги користел опијатите за да ги сокрие своите чувства.

Хари имал само 12 години кога Дајана, принцезата од Велс, почина во сообраќајна несреќа во август 1997 година, додека автомобилот во кој беше таа го бркаа папараците во Париз.

Во првите три епизоди на „Епл ТВ“ „The Me You Can’t See“, принцот зборуваше за трауматските спомени од детството, вклучително и за моментот кога беа направени фотографиите додека тој одеше зад ковчегот со телото на Дајана со неговиот брат, татко, чичко и дедо .

„Звукот на копитата на коњот најмногу ми остана во сеќавањето“, и рече Хари на водителката Опра Винфри.

„Како да бев надвор од моето тело и само одев правејќи го она што се очекуваше од мене“

Серијата се фокусира на менталното здравје, а Хари опиша како траумата на загубата предизвикала вознемиреност и сериозни напади на паника на возраст меѓу 28 и 32 години.

„Секојпат кога ќе облечев костум и вратоврска, мораше да играм улога, ќе се погледнам во огледало, ќе облечев лице без израз и ќе речев - ајде да одиме.

Пред да излезам од куќата, бев преплавен со пот. Бев подготвен да се борам и да трчам во исто време.
Имав волја да пијам, да се дрогирам, да правам работи што го олеснуваат она што го чувствував“.

Тој рече дека секој петок или сабота навечер пиел алкохол онолку колку што ќе пие за една недела, „не затоа што уживав, туку затоа што се обидував да прикријам нешто“.

За време на програмата, војводата исто така рече дека е целосно игнорирано кога неговата сопруга Меган била на работ на самоубиство поради малтретирање на социјалните мрежи.

Тоа наводно игнорирање беше една од „најголемите причини“ парот да ја напушти Велика Британија, рече Хари.

„Сигурно сега никој нема да ме присили да замолчам“, додаде тој.

извор:rs.n1info.com

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: