Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон објавија традиционална фотографија со децата: Принцеза воодушеви со несекојдневниот изглед (ФОТО)

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон објавија традиционална фотографија со децата: Принцеза воодушеви со несекојдневниот изглед (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Не сме навикнати да ја гледаме во лежерни изданија...

Како и секоја година, принцот Вилијам и принцезата од Велс, Кејт Мидлтон споделија фотографија од своето семејство, која ќе ја краси нивната божиќна честитка за оваа година.

На фотографијата ги гледаме принцот Вилијам и сопругата како се шетаат низ својот имот во Норфолк, држејќи се за рака со своите деца, 9-годишниот принц Џорџ, 7-годишната принцеза Шарлот и 4-годишниот принц Луис.

Семејството како по обичај е опуштено и насмеано, се држат за раце, а посебно внимание привлече комбинацијата на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, која сме навикнати да ја гледаме во формални изданија, како што се фустани за разни прилики.

Кејт за потребите на оваа фотографија со своите најсакани позираше во тесни фармерки, бела кошула и бели патики, а многумина искоментираа дека во вакво издание изгледа феноменално.

Сите пет члена на семејството се насмеани и делуваат опуштено, а посебено е интересно тоа што се во лежерна облека. Принцот Вилијам носеше темно сина кошула и фармерки, додека младите принцови се во маици и шорцеви, а принцезата Шарлот во тексас комбинезон.

Фотографијата веќе традиционално ја направи Мет Портиус, а нивната минатогодишна традиционална божиќна фотографија за честитката, имаше за нијанса повеќе празнични карактеристики, за разлика од оваа на која позираат во кратки шорцеви на убаво време.

Во однос од пред четири години, се забележува разлика, особено по нивните деца - Џорџ, Шарлот и Луис, кои тогаш беа многу мали.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: