Принцот Вилијам им се налути на Хари и Меган: Само една работа би помогнала
Ингрид Севард, кралската експертка и авторка на повеќе од 20 книги на тема кралското семејство, смета дека принцот Вилијам е загрижен што принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл го игнорираат протоколот. „Мислам дека тоа би можело да му пречи на Вилијам, бидејќи гледа како Хари и Меган прават штетни работи за делувањето на монахријата“, открива таа во британскиот документарец под називот „Вилијам и Хари: Принцовите во војна?“, пренесува британскиот Daily Mail.
За време на летото, Хари и Меган често се мета на критиките - поради своите барања за приватност, одржување на тајна крштевка на малиот Арчи, па одбивањето јавно да ги споделат кои му се кумови. Поранешната американската актерка, која своето прво дете го роди оваа година, предизвика револт кај јавноста и кога на тенискиот турнир во Вимбелдон нејзинито обезбедување им забранило на фановите да ја фотографираат. Исто така, откако за насловната страна на септемврискиот британски Вог одбра неколку познати пријатели, критичарите истакнаа дека таа повеќе се чувствува како припадник на А - листата на познати и славни, отколку како член на кралското семејство.
Во истиот документарец, Ингрид тврди дека до наводната кавга помеѓу Вилијам и Хари дошло кога војводата од Кембриџ и неговата сопруга Кејт биле шокирани од брзината со која Хари ја движел својата врска со ѕвездата од хит - серијата Suits. „Се брзо помина, па Кејт и Вилијам не ни имаа можност да ја запознаат Меган. Дури и Хари едвај ја познава“.
Емили Ендрус, кралската исвестувачка за The Sun, изјави дека Хари во една прилика се нафрлил на Вилијам, бидејќи во почетокот тој не ја поддржувал Меган. „Хари му кажал: Пробуваш да го уништиш овој однос пред воопшто да започне“. Кралската експертка Кети Никол се согласила: „Тоа беа моменти во кои нивната братска динамика се променила. Хари почна да му замерува на Вилијам со оглед на тоа дека тој од почетокот ги поддржуваше него и Кејт. Се чувствуваше изневерен што не добива комплетна поддршка од братот во врска со Меган“.
Ник Булен, извршниот продуцент кој веќе скоро 20 години соработува со кралското семејство, смета дека медиумите ја преувеличуваат целата работа. „Во семејствата овие работи се нормални, а кралските се семејства и воопшто не се разликуваат. Мислам дека сите се надеваат дека Арчи ќе биде можност за смирување. И како што многумина сметаат, не станува збор за битката помеѓу војвотките - туку збор е за Хари и Вилијам“.