Приватно е инструктор по скијање: Запознајте ја Луна, вториот женски артист на Урбан Рекордс

Приватно е инструктор по скијање: Запознајте ја Луна, вториот женски артист на Урбан Рекордс

Објавена во: Stars // Музика

Таа е дива, нескротлива, сензуална и секси, впечатлива, ексцентрична и со стил...Таа е се, само обична не. Запознајте ја 21 - годишната убавицата Луна, вториот женски артист на Урбан Рекордс, кој ветува многу. Луна веќе го промовираше нејзиниот прв сингл „Kуш“, на You Tube каналот на Урбан Рекордс. На овој видео спот му предходеше едно неофицијално и необично видео на Тракер што претставуваше најава за нејзиниот официјален прв спот. Во претходното видеото можевме да видиме како Тракер и Луна сериозно се подготвуваат за снимањето на првиот видео запис на Луна и едно големо добредојде на Луна во фамилијата на Урбан од останатите членови.


Приватно Луна е инструктор по скијање и во моментот па се до месец март работи во еден од најпопуларните зимски центри во регионот – Копаоник, соседна Србија. Деновите поради обврските околу спотот и промоцијата таа е на релација Скопје – Копаоник.

Видео спотот се снимаше во Про Лајт Студио – студио за професионално снимање на филмови, музички спотови и реклами. Во него Луна менува неколку интересни модни комбинации, во друштво е со Тракер а присутна е и една доста интересна бела мечка - маскота. Го изработи Гордан Божиновски - Год Ај Продукција.

Песната е во трап стил, текстот и музиката се на самата Луна, Аранжман/Бит, микс и мастеринг се на хитмејкерот Иван Јованов – Ивајо.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: