Проблем со темни влакна на рацете: Оваа девојка има генијално решение кое не вклучува бричење
Во случај доколку ова никогаш не ти текнало...
Некои девојки едноставно имаат темни влакна, а оние на рацете повеќе им доаѓаат до израс. На некои тоа не им пречи, но ако и ти си една од девојките на кои тоа им пречи, тогаш треба да го знаеш ова генијално решение.
Всушност темните влакна на рацете не би требало да ти пречат, но разбираме и зошто на некои им пречат. Најчесто девојките тој проблем го решаваат така што редовно ги бричат, што и не е баш идеално решение, со оглед на тоа колку брзо растат, а и по бричењето кожата може да би изиритирана и да ве чеша цело време. Некои се плашат дека по бричењето ќе почнат да им растат потемни и подебели влакна. Доколку бричењето не е опција за тебе, треба да ја погледнеш идејата до која дојде оваа девојка. Според коментарите може да заклучиме дека луѓето се воодушевени.
@shxdi_d #foryou how would they know bad girls club - Chris Gleason
Таа своите темни влакна на рацете ги фарба со боја за коса. Едноставно со четка за заби става боја на нив, чека и кога подоцна ќе ги измие, има руси и помалку воочливи влакна. Дефинитивно е добра идеја на која не би се сетиле! Луѓето во коментари пишуваат колку се благодарни на оваа идеја, а други пак открија дека веќе со години го прават тоа. Вреди да се проба, особено ако се фарбаш во руса боја, бидејќи не знаеме колку се исплати да се купи боја за коса, за само малку да се става на влакната на рацете.