Продолжен викенд за православните верници: Уште колку неработни денови има до крајот на годината?
Следниот петок, 18 јуни, пред Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.
Оваа се останатите неработи денови до крајот на годината:
# 20 јули (вторник) - Курбан бајрам (за граѓаните од муслиманска вероисповед)
# 2 август (понеделник) - Ден на Републиката (за сите граѓани)
# 28 август (сабота) - Успение на Пресвета Богородица (за граѓаните од православна вероисповед)
# 8 септември (среда) - Ден на независноста (за сите граѓани)
# 11 октомври (понеделник) - Ден на народното востание (за сите граѓани)
# 16 септември (четврток) - Јом Кипур (за граѓаните припадници на еврејската заедница)
# 28 септември (вторник) - Меѓународен ден на Бошњаците (за граѓаните припадници на бошњачката заедница)
# 23 окмври (сабота) - Ден на Македонската револуционерка борба (за сите граѓани)
# 1 ноември (понеделник) - Празник на сите светци (за граѓаните од католичка вероисповед)
# 22 ноември (понеделник) - Ден на албанската азбука (за граѓаните припадници на албанската заедница)
# 8 декември (среда) - Св. Климент Охридски (за сите граѓани)
# 21 декември (вторник) - Ден на настава на турски јазик (за граѓаните припадници на турската заедница)
# 25 декември (сабота) - првиот ден на Божиќ (за граѓаните од католичка вероисповед)
фото: freepik