Продолжува да провоцира: Анастасија Ражнатовиќ се сними во када полна со пена
Младата пејачка откри што прави додека лежи во када полна со пена...
Откако неодамна објави фотографија на која е потполно гола, Анастасија Ражнатовиќ продолжи да провоцира.
Имено, младата пејачка вчера во рамките на сторињата на Инстаграм сподели кадри од својата бања, каде гледа телевизија. Освен што го покажа телевизорот кој се наоѓа спроти неа, наследничката на Цеца ги покажа и деловите од телото кои ѝ ѕиркаат од водата полна со пена.
Пејачката го гледаше своето омилено реално шоу „Love is Blind“, поради кое не го криеше воодушевувањето.
„Втора сезона, конечно“ - напиша наследничката на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Да потсетиме, Анастасија неодамна ја прекина 5-годишната врска со Ѓорѓе Куљиќ и од тогаш постојано е во центар на интерес кај јавноста.