Професор открива какви типови на родители имаат успешните деца

Професор открива какви типови на родители имаат успешните деца

Објавена во: Совети // Семејство

Трендовите, примерите и формулите го олеснуваат животот, но ретко кој може да се пофали дека ја пронашол формулата за најтешката работа од сите - да одгледаш успешно дете. Роналд Фергусон е професор од Хардвард кој ја напишал книгата 'The Formula: Unlocking the Secrets to Raising Highly Successful Children. Вели дека го интересирало што прават родителите на успешните студенти.

Затоа, тој и коавторот Таша Робертсон ги проучувале различните стилови на родителство и нивното влијание на успехот на децата. Испитаници биле најмладите политичири, како и мајката на сопственикот на компанијата 23andMe. Што се покажало? Фергусон тврди дека за успехот на децата, важни се 8 родителски улоги.

# Партнер во раното учење

Ова е улога во која родителите во раните години на децата ги поттикнуваат за учење, дури и пред почетокот на училишната година. Фергусон смета дека станува збор за најважната улога од сите осум. Најуспешните деца знаат да читаат пред да почнат да одат во градинка, а потоа ги охрабрува и додатно мотивира воодушевувањето на учителката кога ќе открие дека веќе знаат да читаат.

# Инженер за летање

Тоа е родител кој ги следи факторите на животната средина околу своето дете и внимава детето да добие се што му треба и интервенира кога тоа нема да се случи.

Тоа не е исто како родител хеликоптер за кој Фергус тврди дека е толку многу вклучен во животот на своето дете што му оневозможува простор за создавање на самостојни врски и односи.

# Оној кој поправа

Во оваа улога родителот не му дозволува на детето да е забавено или изгубено и не дозволува недостаток на ресурски кои би го забавиле. Како што вели Фергусон, родителот може да живее во сиромаштво, но доколку види можност за која процени дека е важна за успехот на детето во училиште или во животот, тој ќе оди низ ѕидови за тоа да го оствари.

# Оној кој открива

Родителот кој открива му овозможува на детето откривање на светот со посети на музеи, книжари, изложби - секаде каде што може да им се прошири видикот. Тоа може да се оствари и со недостаток на ресурси, а родителот наоѓа невозможни начини да му го овозможи тоа на детето. „Сопругата и јас сме посебно фокусирани на ова, бидејќи и самите ги сакаме ваквите искуства“ - истакнува професорот.

# Филозоф

Ова е, според Фергусон, втората најважна улога, бидејќи им помага на децата да пронајдат цел. Овде родителот прашува и одговара на длабоки животни прашања, никогаш не ја потценува детската способност за размислувањата за животот. „Се изненадив колку рано мојата ќерка успева да ги сфати тие големи идеи“ - кажа тој.

# Модел

Ова е класична родителска улога во која родителот сфаќа кои вредности се важни и се труди да ги пренесе на своите деца, а тие се трудат да живеат со нив.

# Преговарач

Низ оваа улога родителот ќе го научи детето како да ги почитува другите додека се бори за себе и своите уверувања, особено кога се наоѓа пред оние кои имаат моќ и авторитет.

# ГПС - навигацински глас

Фергусон опишува дека тоа е гласот на родителите во главата на детето кога ќе замине од семејната куќа. Тој глас на младиот човек ќе му помогне во животните ситуации.

На самиот крај, хардварскиот професор советува, дека иако сите носат различни шешири, низ сите улоги на родителите, заедничка цел треба да им биде да бидат прекрасни родители.

Ги пронајдовте ли вашите родители во некоја од овие улоги? 


Извор: 24sata.hr

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: