Промени кај домашните компании, ги следат светските трендови за здрав начин на живот
Балансирањето помеѓу трендовите и потребите кога станува збор за новите навики на потрошувачите за здрав начин на живот се сериозен предизвик во денешно време. Потребата за здрава исхрана, активен начин на живот, внесувањето доволно витамини и други хранливи состојки, се драматично изменети во последните години. Овие промени бараат соодветно прилагодување на индустриите, посебно на прехранбената индустрија, со цел усогласување на барањата на пазарот и на многубројните производни стандарди.
Бидејќи трендот стана потреба, а потребата создаде неопходност за производи на пазарот што се директно насочени кон зачувување и зајакнување на здравјето на потрошувачите, се наметнува прашањето колку нашите компании се подготвени за следење на трендовите и за каков тип промени? Изненадува фактот што не многу компании можат да одговорат на новите трендови.
Сепак, постојат и компании кои успешно и во чекор се со сите иновативни предизвици за да ги задоволат потребите на своите потрошувачи. Како последен позитивен пример на компанија која ги следи трендовите и потребите на потрошувачите, вниманието на Фактор го привлече „Вивакс“, со новите цедени сокови – Вива 100% цеден сок од капина и јаболко и Вива 100% цеден сок од јаболко, во пакување од еден литар. Производите се целосно природни, создадени од овошја од македонско поднебје и се без додадени шеќери, вода и конзерванси. Овие производи се идеални за сите кои имаат брз начин на живот, ги следат трендовите за консумирање здрави производи, немаат време за подготовка на здрав пијалак, но сакаат да им го понудат најдоброто на своите најблиски.
Од компанијата за Фактор посочуваат дека оваа потреба за лансирање нови производи доаѓа како резултат на природно проширување на портфолиото на компанијата.
„Не станува збор за иновација, туку веќе за природен раст на компанијата во сегмент што е насочен кон новите потреби, навики и барањата на потрошувачите. Имаме македонско јаболко и капина кои се одлични за производство на врвни цедени сокови. При развојот на производите се водевме од идејата овие сокови да бидат идентични како цедените сокови кои ги подготвуваме дома, посебно оние подготвени од нашите баби и мајки. Разликата е што ние имаме напредна технологија којашто ги задржува сите хранливи состојки на овошките при нивна преработка и создавање на цедениот сок“, објаснуваат од менаџерскиот тим на Вивакс.
Менаџерскиот тим на Вивакс додава дека контролата на квалитетот во секоја фаза од производството е од исклучителна важност за создавање на врвни производи. Оттаму велат дека Македонија е сè уште една од ретките земји каде зеленчукот и овошјето имаат изворен квалитет и не се загадени со преголема употреба на препарати. Вивакс е една од ретките компании којашто за развој и тестирање на своите производи има најсофистицирана хемиска и микробиолошка лабораторија, а за пакување на своите сокови користи внимателно избрана картонска амбалажа која е комплетно разградлива.
Здравите производи богати со хранливи состојки сè повеќе се неопходен императив во секојдневната исхрана. Здравата исхрана и производите без шеќери и конзерванси, од маргините на пазарот стануваат водечка категорија кај производите за широка потрошувачка. Оваа категорија станува и динамично развојна и компетитивна, но не секој производител може да ја следи.
Кaтегоријата ја претставуваат потрошувачи кои сè повеќе се самосвесни за своето здравје и се физички активни, уште повеќе е дополнета од родителите кои се грижат за своето здравје и за здравјето на своите деца. Главна грижа на родителите е секако внесувањето витамини од страна на нивните деца и создавање силен имун систем. Вработените кои се постојано во трка со времето, изворот на енергија го бараат токму во храна и пијалаци богати со витамини и минерални. Затоа, радува фактот штокај потрошувачите се зголемува свеста за грижата за своето здравје, а со тоа и потребата од внесување здрави и проверени производи. Во условите во коишто живееме, витаминската исхрана станува императив, а македонските компании како Вивакс следејќи го брзо-растечкиот тренд на здрав начин на исхрана, создаваат производи кои ги задоволуваат и најпребирливите потрошувачи.
Текстот е целосно превземен од Фактор.мк