Пронајдена е малата инфлуенсерка! Неверојатен пресврт во случајот што го потресе светот – Родителите виновни за сѐ?!
Веста дека починала Лил Теј не е точна.
Прексиноќа на Инстаграм профилот на раперката и интернет сензација Лил Теј се појави вознемирувачка вест.
Нејзиното семејство објави дека таа (14) и нејзиниот брат Џејсон починале.
Фановите останаа вчудоневидени кога слушнаа за смртта на тинејџерката, особено што сите околности се премногу мистериозни. Полицијата јасно стави до знаење дека не води никаква истрага, а односот на таткото на децата уште повеќе ја загрижи јавноста за раперката бидејќи таа самата тврдеше дека ја малтретирал и контролирал.
– Сакам да разјаснам дека јас и брат ми сме безбедни и живи, но целосно сум со скршено срце и се борам да ги најдам вистинските зборови да ги кажам – изјави Лил Теј за TMZ.
Она што може да се заклучи од коментарите е дека децата само на препогрешен начин барале внимание, а за се‘ ги обвинуваат родителите на децата кои ги повикуваат на одговорност.
Фото: Инстаграм