Протекоа детали: Врската на Зејн Малик и Џиџи Хадид била неверојатно токсична
За пошироката јавност беше изненадување тоа што Џиџи Хадид го остави Зејн Малик, но медиумите тврдат дека тука нешто морало да се случи. Како што пренесуваат „People“ и „Us“, тие двајца долго време имале крајно токсичен однос, така што само било прашање на време кога сето тоа ќе експлодира.
„Многу е подобро што повеќе не се заедно“ - кажа еден извор за магазинот „Us“, а потоа додаде: „Џиџи и Зејн имаа многу деструктивна врска. Џиџи сепак верува дека тој е добар родител“.
Од друга страна, „People“ напоменува дека тие двајца немале физички пресметки, но дека односите не им биле добри. Исто така, се наведува дека мајката на Џиџи, Јоланда била многу незадоволна од тоа како пејачот се однесувал кон нејзината ќерка.
Од трета страна, „E! News“ наведуваат дека ова е дефинитивно крај, како и дека Џиџи и Зејн не се гледаат веќе неколку недели. Исто така, се наведува дека Џиџи е неверојатно вознемирена, бидејќи нејзиниот поранешен избраник физички ја нападнал нејзината мајка, која потоа го пријавила во полиција. Сепак, се наведува дека таа нема да му прави проблеми да ја гледа нивната ќерка и дека ќе ѝ биде рамноправен родител.
Зејн и Џиџи неколку пати се разделуваа, а и покрај толку долгата врска, никогаш не стапија во брак.