Прва фотографија од внуката на Јелена Бачиќ Алимпиќ: Запознајте ја малата Мила (ФОТО)
Јелена Бачиќ Алимпиќ неодамна стана баба, а сега за првпат ја покажа својата внука Мила...
Познатата писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ минатата година имаше низа убави настани. Прво, нејзиниот син Марко се ожени со неговата долгогодишна девојка Антонина, а набрзо потоа снаа откри дкеа е бремена.
Марко на Велигден минатата година ја запроси Антонина, за во септември да го изговорат судбоносното „да“. Среќната мајка Јелена тогаш не можеше да ја сокрие својата среќа поради венчавката на својот син.
„Одиме, ангели! Ве сака мама! Денес пред Бог, утре пред луѓето“ - напиша по венчавката на Инстаграм, гордата Јелена.
Во втората половина на јануари оваа година, Антонина се породи и на свет донесе девојче, кое го доби името Мила.
„Добро ни дојде, Мила“ - кратко напиша Антонина од болница и на тој начин го откри името на девојчето.
Подеднакво среќна тогаш беше и баба Јелена.
„Станав баба! Ти благодарам Антонина на среќата која не може да се опише! Ве сакам најмногу на светот“ - им порача Јелена на снаата и внуката.
Сега, две недели по раѓањето на Мила, мама и баба ги споделија првите фотографии на Инстаграм. Јелена објави фотка од Мила додека спие во своето креветче.
„Љубов најголема“ - кратко напиша во описот.
Сепак, најголемо внимание привлече фотката која Антонина ја објави на Инстаграм. На таа фотографија сопругата на синот на Јелена има насмевка која кажува повеќе од 1.000 зборови, насмевка која ја имаат само мајките додека ги држат своите деца.
„Моето чудо“ - стоеше во описот на оваа фотографија.
фото: Принтскрин / Инстаграм