Првиот состанок им завршил трагично: Познатиот млад ТикТокер и неговата партенер се убиени во кино

Првиот состанок им завршил трагично: Познатиот млад ТикТокер и неговата партенер се убиени во кино

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Страшните работи продолжуваат да се случуваат кога станува збор за ѕвездите на ТикТок. По младата девојка која доживеа стравична смрт по падот од висина од 50 метри, почина и 19-годишниот Ентони Барахас, кој настрада во петокот, по пукање во кино. Иако доктрите успеале да го пренесат до болница, не можеле многу да направат, пренесува „E!News“.

Момчето кое само што не доби милион следбеници почина набрзо по пукањето кое сѐ уште се истражува. Всушност, полицијата веќе го уапсила осомничениот Џозев Хименез кој е обвинет за убиство, обид за убиство и кражба. Освен тоа, тие се обидуваат да додадат уште обвиненија кои би го ставиле зад решетки до крајот на животот.

Пукањето се случило во понеделникот, на 26 јули во еден трговски центар, во кој има и кино. Ентони Барахас и Рајли Гудрич го гледале филмот „The Forever Purge“, кога пукале во нив. Како што се наведува, никој ништо не забележил додека работниците од киното не отишле во сачата и забележели двајца тешко повреди тинејџери. За жал, Рајли починала на местото на настанот. На нив тоа им бил прв состанок, а никој не знае да објасни зошто се случило сево ова.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: