Првобитниот настап на "Ураганките" на Евровизија се разликува од финалниот: Се било променето во последен миг
Сања Вучиќ, Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ, овогодишните српски претставнички на Евровизија го освоија 15 - тото место во финалето, од 40 - те земји учеснички. Сега, по повеќе од една недела, се објавени "резервните снимки" кои сите држави ги снимиле, а тие биле планирани да бидат емитувани во случај некоја делегација да не може да се појави на големата сцена во Ротердам.
Организаторите се одлучиле за ваков потег поради епидемиолошката ситуација, со цел да се спречат можни непријатности. Помеѓу видеата, се најде и она што го снимија девојките од Hurricane.
Она што може да се забележи е дека првобитниот настап на девојките се разликува од оној на самото натпреварување. Имено, тие имаат поинакви фризури, поинаква кореографија и реквизити кои ги користеле за време на настапот.