Работат во нечовечки услови: Работниот ден на децата рудари трае 12 часа
Кобалтот е клучната компонента на батериите за електричните автомобили, телефони и лаптопи, а во Конго се наоѓа повеќе од половина од вкупната количина. Десетина илјади деца, помеѓу кои и шестгодишни деца, без заштитна облека, копаат во токсичната супстанца во рудниците на југоистокот на земјата.
Конголо Машиманго Рафен поминувал денови и ноќи носејќи вреќи со колбат од по 25 килограми во малиот ридник во Конго. Деновите во му започнувале во 5 часот наутро, а несреќите биле вообичаени, бидејќи тунелите копани со раце често се рушеле. Рударите околу него пиеле пиво, виски и пишеле за полесно да го поминат денот, се присетува ова момче. Неговиот вујко, колбатот го продавал на локалните трговци, а како возврат за напорната работа, малиот Конголо добивал само бесплатна храна и сметување.
„Беше многу напорно, многу тешко. Видов премногу уривања, деца како умираа во рудниците“ - раскажува Конголо, кој денес има 17 години. Тој успеал да побегне од пеколот на родникот и сега ќе тргне на училиште благодарејќи на католичката хуманитарна организација.
Дигиталната револуција покрај сите свои бенефити, го разоткри и проблемот со злоупотреба на децата рудари, што не е решен повеќе од една деценија. Најголемите светски рударски компании задоволно ги тријат рацете, додека луѓето и децата во Африка рачно копаат бакар и кобалт, со минимални или никакви сигурносни опреми.
Иако голема количина на кобалт од Конго стигнува од големите рудници, каде наместо луѓето копаат багери, се проценува дека рудари „занаетчии“ меѓу кои и деца, има околу 150.000.
Одговорноста на произведувачите на електрични автомобили е огромна, бидејќи наглиот пораст на побарувачката за возила, автоматски ја зголемува и потребата за кобалт, па веќе долго време не се презема скоро ништо за да се спречи злоупотребата на децата.
Работниот ден на децата трае 12 часа, а платата им е мизерно. Работат без опрема, маски и чевли, во нечовечки услови. Светската здравствена организација предупредува дека дишењето на правот од кобалт, како и долгата изложеност на тој минерал може да предизвика долгорочни последици.
„Амнести интернешнал“ веќе во неколку наврати предупреддува на искористување на децата во Африка, но до сега ништо не се променило.