Работи кои се карактеристични само за девојките со кадрици

Работи кои се карактеристични само за девојките со кадрици

Објавена во: Мода // Moj стил

Не се сите кадрици исти

Постојат многу видови кадрици. Некои девојки имаат меки бранови, други чести кадрици, а трети, различни кадрици на различни делови од косата. Исто така, со текот на годините, кадриците или се исправуваат или навиваат уште повеќе. Значи, третман за коса, фризура и стил за една кадрава девојка, не мора да значи дека ќе биде ефективен и за друга.

Губење грстови влакна е вистинска појава

Девојка која има кадрици, само кога ја мие косата може да ја види нејзината реална должина. Косата потоа изгледа бујна и раскошна. Сепак, како што се суши повеќе и повеќе, обично природно, се смалува во својата природна форма. Губењето на должината предизвикува, за жал, губење на саканата фризура многу често.

Четкање на влакна не е опција за секој ден

Најсериозно, тешко е да се најде девојка со кадрава коса која е подготвена да го прави тоа секој ден, а во исто време и успешно. Кога се четка секој ден, барем витканата коса би личела на грива. Всушност, можно е да се чешла само кога е влажна, по миењето, кога на неа се нанесува маска.

Не може да се прескокне ден за миење на косата

Иако е несфатливо за девојките кои имаат права коса, миењето кадрава коса е закажано однапред. Тоа е ден кога времето е издвоено не само за шампонирање, туку и за четкање на косата, нанесување маски, масло за коса и формирање прифатливи кадрици. Потребно е време, а опцијата "миење па излегување" не е достапна.

Хидратацијата спасува животи

На кадриците им е потребна многу влага за да изгледаат убаво. Сепак, иако нема девојка со кадрици која не користи навлажнувачи за коса, тие исто така мора да бидат внимателни со нив. Влагата може да биде и најдобар пријател и најлош непријател за девојчиња со кадрави коси. Додавање на влага во контролирани услови е пожелно, сепак, ненадеен дожд или пливање во базенот и не е.

извор:totalbeauty

4 совети за девојките со кадрава коса: Како да го вратите сјајот на локните?

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: