Раста се обиде да ѝ помогне на поранешната сопруга Ана Николиќ а таа најбрутално го нападна: „Помогни си сам, ретарде“
Односот меѓу Ана и Раста
повторно е турбулентен, обвинувањата и караниците во јавност не стивнуваат.
Ана Николиќ и Раста некое време беа во одлични односи, зборуваа се најдобро еден за друг, а неодамна заедно го прославија роденденот на својата ќерка. Сепак, по изјавата на музичарот дека ќе и помогне на мајката на неговото дете да се извлече од ситуацијата во која се наоѓа, лошиот одност меѓу Ана и Раста ја разбранува јавноста.
Пејачката очигледно била навредена од изјавата на Раста, па решила да му одговори жесток начин. Ана не ги бираше зборовите кои ќе му ги упати на поранешниот сопруг.
- Би му рекла на Растарлети - симни ми се! Не можш да го користиш мојот лик и дело за потребите на филмот. Прво, затоа што вие не сте Форд Френсис Копола. Второ поради принцип ахаха... Поздрав до сите кои го поддржуваат овој манипулатор кој поради дрога лежеше во затвор - напиша Ана, а потоа продолжи во свој стил.
- Засрами се. Ти ли ќе ми помогнеш? Помогни си сам, ретарде! Ајде повеќе од*еби! Веќе не давам бесплатни совети и повеќе нема да можеш да заработуваш од моето име! Мрш! .... И најдобро е Растарлети да влезе во Елитата. Тоа му го препорачувам од се срце – напиша бесната Ана.
Фото: youtube/screeshnot