Рецепт за појадокот на Кајли Џенер: Комбинација од солено, слатко и луто
Кајли Џенер има доволно пари на распологање за во животот да експериментира со што и да посака - во својот дом таа пробува разни работи, редизајнирање на просториите, неодамна во домот доби и восочна фигура до својата мајка, Крис Џенер, за која би помислиле дека таа навистина седи на масата, а Кајли сега открива и дека за појадок јаде нешто што е многу ексцентрично и за што досега немаме слушнато.
Имено, за „лајфстајл“ порталот на своите сестри Кортни Кардашијан (Poosh), откри како најчесто изгледа нејзиниот појадок, а ова „чудо“ се вика авокадо на тост. Иако содржи само 5 состојки, тие пет работи овој специјалитет го прават во исто време и сладок, солен и лут. Многу луѓе воопшто не ни сакаат да комбинираат слатко и солено (а, да не зборуваме и за луто), но на Кајли тоа очигледно и годи. Доколку и вас ве заинтригира што е ова, во продолжение е рецептот, кој исто така е погоден за вегани, а се подготвува за само пет минути.
Состојки: мед, сол, едно авокадо, тост леб, дробена црвена пиперка.
Подготовка: Лебот се става во тостер, на него се става авокадото, потоа медот, а над медот црвената пипер, а сето ова на крајот го посолувате.
Сигурно ќе се служите дека оваа комбинација е малку чудна, но дали би се осмелиле да пробате нешто вакво?
Може да ве интересира: