Рекоа дека ќе боли, но на Вишња не ѝ е грижа: Има 8 години и сака да го гушне својот здрав брат, му дава коскена срцевина

Рекоа дека ќе боли, но на Вишња не ѝ е грижа: Има 8 години и сака да го гушне својот здрав брат, му дава коскена срцевина

Објавена во: Совети // Семејство

Фото: Nemanja Ćelap

Убавата Вишња храбро реши да зачекори покрај својот брат. Да му се придружи во неволјата. За нејзината љубов кон Милош, се чини, нема мерна единица

Нејзе ѝ недостига брат ѝ, а нејзините раце немаат кого да го гушнат. Мисијата на осумгодишната Вишња е да го спаси. Да го откине од канџите на упорната болест која повторно и повторно му се враќа и го оддалечува од неа. Од љубов кон помалиот брат, таа е подготвена да легне на операционата маса за да може заедно со него да го продолжи детството. Вишња Ќелап (8) од Нови Сад ќе му донира коскена срж на својот седумгодишен брат Милош, кој доби по обична настинка доби ужасна дијагноза.

Како што вели нивниот татко Немања, во меѓувреме повеќе информации добиле од болницата во Монца и сега лекарите комуницираат со докторот што ќе го лекува.

Фото: Nemanja Ćelap

- Прашуваат за Вишња и веројатно за деталите што им се потребни за понатамошниот тек на лекување што ќе продолжи таму - објаснува Немања.

Како што раскажува Немања, Вишњна не се плаши, тоа го сфатила како своја мисија.

- Решивме тоа малку да ѝ го пренесеме преку игра. Ѝ рекоа дека ќе ја боли, но таа го игнорираше тоа. Најмногу ѝ недостига нејзиниот брат. Ѝ кажавме дека ќе оди во Италија и таму ќе тренира одбојка и дека таму се најдобрите женски клубови во светот - вели нивниот татко и додава дека тој и неговата сопруга се трудат да ја ублажат ситуацијата колку што можат.

Според Немања, Милош почнува блок на имунотерапија која ќе трае 28 дена.

- Неговата состојба сега е стабилизирана и денеска е примен во болницата во Тиршово каде ќе ги помине следните 28 дена - вели Немања.

Дека најмладите пациенти се најхрабри потврдува уште еднаш оваа приказна чиј среќен крај со нетрпение го очекуваме. Покрај таквите храбри деца кои пленат со љубов и храброст, нивните родители немаат ништо друго освен да им бидат поддршка, а ние да бидеме со нив и да им помогнеме.

За Милош! Да бидеме хумани!

Со уплата на девизна сметка:

160-6000001512010-30

IBAN:

RS35160600000151201030

SWIFT/BIC:

DBDBRSBG


Извор: www.telegraf.rs

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: