Решена е мистеријата на исчезнатите јутјуберки: Откриено е каде и со кого се Наѓа и Анѓела, но и зошто не се јавувале на телефон
Јутјуберките му се јавиле на братот на татко им и откриле каде се наоѓаат и со кој...
Познатите јутјуб ѕвезди, Анѓела и Наѓа, кои како што пренесоа српските медиуми исчезнаа во Париз, Франција.
Како што кажа нивниот татко Зоран Ѓорѓевиќ, ниту едната од нив двете не му се јавувала на телефон, па одлучил својата загриженост да ја сподели на социјалните мрежи.
Тој истакна, дека освен ќерките, не може да стапи во контакт ни со сопругата Тина, како ни со нивната роднина Марија, која живее со нив.
Во текот на вчерашната ноќ, таткото на јутјуберките откри дека дознал што се случува со неговите наследнички и дека всушност семејните проблеми, биле причината за нивното исчезнување.
„Цел ден ми ѕвони телефонот. Сакам на сите да им кажам дека Анѓела, Марија, Наѓа и Тина се добро. Му се јавиле на мојот брат и му кажале дека ме напуштиле мене. Како и секое семејство и ние имавме проблеми и јас не мислев дека тоа се големи проблеми. Не сум во контакт со нив. Исклучени се сите телефони, не можам да ги добијам, се обидов со сите нивни пријатели да стапам во контакт, но тие ја исклучиле локацијата. Се јавија и кажаа дека се живи и здрави, но дека ме напуштиле и дека не сакаат повеќе да живеат со мене. Јас не знам колку ќе останам тука. Бидејќи, јас сум во станот на Анѓела и Наѓа. Не му се јавив на ниту еден новинар. Му благодарам на Бог дека тие се здрави и живи, а тоа шот не сакаат да живеат со мене, тоа повеќе не е важно. Ќе помине време. Марија не е со нив, таа е кај своите другарки“ - кажа Зоран Ѓорѓевиќ во обраќањето на социјалните мрежи.
фото: Принтскрин /