Кои се исчезнатите јутјуберки? Анѓела и Наѓа преку ноќ се прославија, а еве како зборуваа за заминувањето во Франција (ФОТО)
Татко им Зоран се грижи, бидејќи исчезнало целото семејство - ќерките, сопругата и нивната блиска роднина...
Јутјуберките и сестри Анѓела и Наѓа Ѓорѓевиќ исчезнале во Париз, според зборовите на нивниот татко Зоран, како и нивната мајка Тина и братучетка им Марија, и тој наведе дека од понеделникот им се губи секоја трага.
Тие се популарни од тинејџерските денови, а во Франција се преселиле кога станале средношколки.
Од 2012 година тие живеат во Париз, таму се школуваат, а каналот на Јутјуб го отворија во 2016 година, кога полека развија контакт со обожавателите. Тие за само седум месеци од отварањето на каналот, собраа 100.000 следбеници од Србија и регионот, и не постои тинејџер кој не слушнал за нив. До крајот на 2016 година успеаја да го дуплираат бројот на претплатници, а првиот половина милион го собраа во јуни 2018 година. Сега имаат скоро еден милион претплатници.
Отворија и веб-страница, на која секој може да се запознае со тоа што го сакаат, но и да дознае одредени работи за нивниот живот.
Анѓела - 23 години
„Моментално живееме во Париз, Франција... Многу пати досега ме прашувавте дали повеќе ја сакам Србија или Франција, но тука за првпат во животот сум неодлучна и мојот одговор е дека го сакам местото каде што е моето семејство и моите пријатели. Кога станува збор за тоа што сакам, а што не, омилени бои ми се розовата и виолетовата. Ги сакам животните, особено кучињата. Кога е во прашање дружењето со пријателите, секогаш сум за, бидејќи сум многу дружељубива личност и имам многу пријатели и во Србија и во Франција. Уживам да гледам филмови и серии, а омилена серија ми е „Pretty Little Liars““ - стои на нивната веб-страница, каде што Анѓела додава:
„Исто така сакам да посетувам и кина во друштво на своите најдобри пријатели, бидејќи секогаш гледаме некој одлучен филм. Од мала сонувам да станам актерка и се надевам дека еден ден тој сон ќе ми се оствари. Сите ние сонуваме, зарем не? Музиката е неизоставен дел од мојот живот и ја слушам додека одам и се враќа од училиште, додека ги пишувам домашните задачи и секако, кога ќе си легнам да спијам, музиката е таа која што ме заспива. Го сакам летото, семејните прослави, родендените.“
Наѓа - 21 година
„Најдобри пријателки ми се Ана и Ксенија. Кога се преселивме во Париз, најмногу ми недостасуваше дружењето со сите нив, па затоа сега се радувам на секој распуст, бидејќи ќе ги видам и ќе поминам незаборавно време со нив... Многу сум уплашена кога се во прашање првите средби со ново опкружување, професори, другари, но сѐ помина многу подобро отколку што замислував, па така ќе уживам во своето ново училиште“ - напиша таа, па продолжи:
„Многу го сакам спортот, особено гимнастиката, така што продолжив со своите лудории од градинка и останав доследна на себе и своите можности. Среќна сум поради тоа, бидејќи тоа го сакам и уживам за време на тренинзите, а уште повеќе на натпреварувањата. Мислам дека е многу важно да се занимавате со спорт, така што тоа ви го препорачувам на сите. Покрај гимнастиката, во слободно време сакам да гледам серии и филмови, да читам книги и да возам ролери.“
За потсетување, таткото на Анѓела и Наѓа, Зоран Ѓорѓевиќ, се огласи во рамките на вклучување во живо и кажа дека ќерките му исчезнале во Франција, како и сопругата Тина и нивна блиска роднина.
фото: Принтскрин / Инстаграм