Ријана го објави првото видео на ТикТок и го покажа синот: Момчето е преслатко и многу личи на мајка му (ВИДЕО)

Ријана го објави првото видео на ТикТок и го покажа синот: Момчето е преслатко и многу личи на мајка му (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Со првото објавено видео на ТикТок, на светот му го претстави својот син...

Ријана се породи пред повеќе од половина година, но своето бебе сите овие месеци го криеше од јавноста.

Сепак, пред празниците, пејачката одлучи да ѝ го покаже на јавноста својот седуммесечен син. На ТикТок објави видео, кое воедно е прво видео кое го објавила на оваа социјална мрежа.

„Хакирана“ - напиша во описот на видеото.

На видеото, синот на Ријана, чие име уште не е објавено во јавноста, се смее, додека седи во транспортерот во автомобилот и изгледа како да ужива додека се вози.

@rihanna

hacked

original sound - Rihanna

„Се обидуваш да го земеш телефонот на мама?“ - во еден момент го прашува таа.

Под видеото следуваа многубројни коментари од воодушевените следбеници, а некои воочија колку момчето неверојатно личи на мајка му.

Американските медиуми пишуваат дека Ријана ужива во мајчинството и по раѓањето на синот не се појавува толку  често во јавноста. Таа и нејзиниот партнер, раперот АСАП Роки живеат вистински семеен живот на Беверли Хилс во Лос Анџелес. Иако можат да си го дозволат тоа, во првите неколку месеци од животот на бебето не сакале вработат дадилка, туку уживаат во секој момент од растењето на бебето.

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: