Ријана и Асап Роки се венчаа во спотот за неговата нова песна: Фановите тврдат дека снимките се вистински (ВИДЕО)

Ријана и Асап Роки се венчаа во спотот за неговата нова песна: Фановите тврдат дека снимките се вистински (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Пејачката и раперот се во врска нешто повеќе од една година, а наскоро ќе го добијат и првото дете.

ASAP Rocky објави спот за новата песна наречена „D.M.B.“, а најголемо внимание привлече тоа што Ријана е во спотот каде е прикажано како тој ја запросува и се оженува со неа.

Имено, раперот околу третата минута покажува насмевка на која со златни букви пишува: „Омажи се за мене“.

Наскоро Ријана се појавува со црвен превез над главата и на прашањето на раперот одговара со: „Да“, исто со натпис на забите.

На крајот од видеото се гледа како група луѓе фрлаат цветни ливчиња кон познатиот пар.

Пејачката моментално е бремена со нивното прво заедничко дете, а прашање на денови е кога ќе се породи.

Фановите тврдат дека снимките се реални и дека парот навистина стапил во брак. Што мислите вие?

ВИДЕО:


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: