Родена е како порцеланска кукла, докторите прогнозирале дека ќе живее само 1 година: Како изгледа денес најмалото девојче на светот? (ФОТО)

Родена е како порцеланска кукла, докторите прогнозирале дека ќе живее само 1 година: Како изгледа денес најмалото девојче на светот? (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Најмалото девојче на светот ги изненади сите со својот изглед...

Кога се родило, најмалото девојче на светот добило епитет порцеланска кукла. Имено, Ема Њуман и Скот Гарсајд во 2007 година се радувале на бременоста на Ема и нетрпеливо чекале да стигне на свет нивното четврто дете.

Сѐ одело добро, сите во семејството му се радувале на бебето, а потоа еден ден изненадно почнало породувањето и Ема се породила 4 недели пред терминот. Она што го шокирало семејството на Ема е тоа што Шарлот Гарсајд била премногу мала кога се родила - тежела само 30 грама и била долга 25 сантиметри.

Веднаш по раѓањето, Шарлот ја прогласиле за најмалото девојче на светот, додек амногумина биле маѓепсани од нејзиниот изглед. Со текот на времето, нејзиното здравје почнало значително да се влошува.

Докторите дијагностицирале дека малата Шарлот има синдром, кој научно е наречен „примордијално џуџестизам“, кој е многу ретка генетска форма на џуџест раст, поради што нејзиното тело се развивало многу побавно отколку што би требало.


Според некои наводи, во светот се забележани околу 200 случаи со овој синдром. Докторите на малата Шарлот ѝ прогнозирале краток животен век, оценувајќи дека ќе живее едвај подолго од една година. Меѓутоа, Шарлот го докажа спротивното.

Во моментот кога се родила била толку мала што морала да носи облека за кукли, а дури откако пораснала почнала да носи облека за бебиња. Шарлот некое време поминала апсорбирајќи хранливите материи низ цевка, бидејќи била премногу млада за да ја џвака и вари храната.

На свои 5 години, Шарлот достигнала тежина од 4 килограми и висина од 68 сантиметри. Покрај тоа, таа и понатаму била активна и весела, согласувајќи се со сите. Без страв и вина, Шарлот и понатаму оди на училиште со своите врсници и учествува во општествените активности.


„Кога ја сретнавме првпат, сите се плашевме дека ќе ја повредиме ако дојде до било каков контакт или допир, но во реалноста, Шарлот е многу непослушно дете. Таа никогаш не седи мирно и сака да си игра, жонглира во воздух“ - кажа нејзината мајка Ема.

Шарлот денес има 14 години, а многумина се прашуваат дали е уште жива, бидејќи не се појавува во медиумите. Таа на многумина им стана инспирација дека во животот е можно сѐ и дека треба да се бориш.

Малото девојче доби и голем број обожаватели, кои сакаат да дознаат повеќе за нејзиниот живот и навиките кои ги има, а кои би сакале да го слушнат и нејзиниот глас.


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: