Роденденот го прославија во куглана: Синот на Бујар Османи наполни 8 години (ФОТО)
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи е еден од политичарите кои често споделуваат фотографии од своето семејство на социјалните мрежи.
Така, на неговиот профил може да се најдат многу фотографии на кои тој позира покрај својата сопруга и двете деца. Тоа се случи и денес, кога Бујар сподели фотографија од неговото семејство, а повод за тоа беше и повеќе од доволен.
Имено, неговиот син наполни 8 години, а министерот сподели фотка со семејството од роденденската прослава. По фотографијата можеме да сфатиме дека роденденот на наследникот го прославиле во куглана, а дека си поминуваат одлично, говорат и насмевките на нивните лица.