Роденденска забава која е сон на секое девојче: Чикаго Вест наполни 5 години (ВИДЕО)

Роденденска забава која е сон на секое девојче: Чикаго Вест наполни 5 години (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Мама Ким со емотивни зборови ѝ го честиташе роденденот на својата наследничка...

Вчерашниот ден во семејството Кардашијан, помина во знакот на втората ќерка на Ким, малата Чикаго, која наполни 5 години.

Мама Ким сподели неколку фотографии со својата наследничка, на која ѝ посвети навистина емотивни зборови, со кои ѝ го честиташе роденден.

„Мојата близначка. Среќен 5-ти роденден. Навистина не ми се верува дека имаш 5 години! Толку сум горда што сум твоја мајка, тоа е најдоброто чувство на целиот свет. Ти си најмилата, најслатката и најнезависната грижлива девојка на целиот свет и јас те сакам најмногу“ - напиша Ким покрај фотографиите на кои позира со својата наследничка.

Но, она што на сите им го привлече вниманието е роденденската забава на Чикаго. Темата била „Hello Kitty“, и од закуската до играчките, сѐ било во знакот на овој анимиран лик, кој очигледно ѝ е омилен на 5-годишната Чикаго.

@kimkardashian

original sound - Kim Kardashian

Како изгледало сето тоа, погледнете во продолжение:

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: