Родени под среќна ѕведа: Оние кои слават роденден во јануари имаат најголеми шанси да станат богати и познати?

Родени под среќна ѕведа: Оние кои слават роденден во јануари имаат најголеми шанси да станат богати и познати?

Објавена во: Совети // Семејство

Децата родени во јануари имаат големи шанси да станат познати личности, покажуваат истражувањата. Ако познавате некој роден во овој месец, можеби веќе гледате во некој иден актер, пејач, спортист... Но, не треба да значи, ова се само некои од претпоставките.

Дали познавате некој кој е роден во јануари? Има добри шанси да стане популарен во иднина. Истражувањата покажуваат дкеа бебињата родени во јануари имаат уникатни способности кои се добри показатели дека ги очекува многу успешен живот! Со овие особини, децатаимаат голема среќа, пишува „Her“.

Според една студија од Австралија, во австралиската фудбалска лига, 33 отсто од спортистите се родени во јануаери, отколку во другите месеци. Оваа студија е објавена на порталот „Science Daily“, а еден од авторите е Адријан Барнет, професор од Универзитетот во Квинсленд. Тој објасни како е можно тоа: 

„Ако сте родени во јануари, имате речиси 12 месеци повеќе за растење и напредување од своите пријатели од училиште, кои се родени кон крајот на годината“.

Но, спортот не е единствената област во која овие деца успеваат. Друго истражување, објавено во „Journal of Social Sciences“, покажа дека постојат многу познати ѕвзди кои се родени во хороскопскиот знак Водолија. Тоа значи дека се родени помеѓу 20 јануари и 18 февруари.

фото: freepik.com

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: