Родени се во ист ден и час пред 25 години: На луѓето им паѓаат вилиците кога ќе слушнат што се крие зад нивниот изглед
Сестрите близначки привлекуваат големо внимание поради тоа што не личат една на друга, а луѓето не можат да веруваат дека се целосна спротивност...
Луси и Марија Ајлмер се родени во 1997 година како близначки. Меѓутоа, од самото раѓање привлекуваат големо внимание и предизвикуваат неверување каде и да се појават поради фактот дека се сестри, и тоа близначки.
Причината за тоа е нивниот изглед кој значително се разликува, и покрај фактот дека се близначки. Имено, Марија има темна боја на кожата, црна, кадрава коса и црни очи. Од друга страна, Луси е нејзина спротивност - има природно црвена, рамна коса, светла кожа и светло сини очи.
„Никој никогаш не верува дека сме близначки, бидејќи јас сум бела, а Марија е со темна кожа. Дури и кога ќе се облечеме исто, не изгледаме како сестри, а камоли близначки. Приајтелите во одделението не тераа да им носиме изводи од родените за да им докажеме дека сме навистина сестри“ - кажа Марија пред неколку години за американските медиуми.
Многу луѓе не разбираат како е можно сестри близначки да се толку спротивни една на друга, меѓутоа станвуа збор за тоа дека тие две се двојајчани близначки, што значи дека две јајце клетки биле оплодени од два различни сперматозоиди. Имајќи го предивд овој факт, иако е се родини во исто време, тие не поседуваат идентичен генетски материјал.
Нивната мајка исто така не можела да го сокрие изненадувањето и шокот кога ги видела првпат, но сепак набрзо ѝ објасниле за што станува збор.
„Тоа за неа бил ужасен шок. Немала поима дека ќе бидеме толку различни. Кога бабицата нè препуштила во нејзините раце, двете останале без зборови“ - открија девојките.
фото: Профимедиа / Фејсбук