Родители поднеле тужба против Инстаграм: Нивните тинејџерки се изгладнувале поради слабите манекенки
Тоа не е единствената причина поради која го тужат Инстаграм...
Инстаграм моментално се наоѓа среде скандал. Не само затоа што многумина го обвинуваат бидејќи го копира ТикТок, туку сега примија и нови тужби. Ги тужат, бидејќи некои родители сметаат дека се виновни поради тоа што нивните деца моментално се борат со пореметување во исхраната.
Ако на некој моментално не му е лесно, тогаш тоа дефинитивно е Инстаграм, бидејќи го обвинуваат од сите страни. Сѐ започна од обвинувањата дека Инстаграм сака да стане како ТикТок според содржините кои излегуваат на почетната страница. Односно, многумна мислат дека премногу се форсираат видеата, наместо фотографиите кои некогаш преовладуваа на оваа социјална мрежа. Освен тоа, сега некои родители ги тужат, бидејќи сметаат дека поради Инстаграм нивните ќерки тинејџерки имаат пореметување во исхраната, бидејќи со денови се изгладнувале за да изгледаат како моделите и инфлуенсерките на Инстаграм, пишува „Metro“.
Поточно, не ги обвинуваат само за поттикнување на пореметување во исхраната,, туку и поради сите други пореметувања кои се поврзани со менталните болести кај тинејџерите. Во тужбата наведуваат дека алгоритамот на Инстаграм свесно прикажува екстремно слаби модели на почетната страница кај тие девојки. Сметаат дека токму тој намерен приказ на екстремно слаби модели и инфлуенсери предизвикува пореметување во исхраната и проблеми со менталните болести кај нивните тинејџерки, бидејќи секојдневно биле изложени на тие фотографии.
Тие дури неколку пати биле и хоспитализирани поради изгладнување. На крајот, ги обвиниле и за сигурносните мерки за децата кои не се доволно добри - девојките си направиле профили на Инстаграм уште на 12 години, а минималната возраст на која можеш да направиш профил на Инстаграм е 13, па така тука е забележан уште еден пропуст.
фото: unsplash.com