Роналдо и Георгина го открија култното име што ѝ го дадоа на ќеркичката: Фотографијата го обиколи светот

Роналдо и Георгина го открија култното име што ѝ го дадоа на ќеркичката: Фотографијата го обиколи светот

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Светот неодамна го потресе веста дека синот на Кристијано Роналдо починал при породување. Од близнаците кои ги носеше Георгина Родригез, преживеа само девојчето, а Роналдо и Георгина решија да ја крстат Бела Есмералда.

Бебето се роди на 18 април, а Георгина го откри нејзиното име на својот Инстаграм профил објавувајќи серија емотивни фотографии од бебето како спие. Ова е петто дете на Кристијано Роналдо, бидејќи претходно го доби синот Кристијано Роналдо Јуниор од сурогат мајка, а потоа и близнаците Ева Марија дос Сантос и Матео, исто така од сурогат мајка. Првото дете со Георгина го доби во ноември 2017 година, кога се роди Алан Мартина. Новото бебе му донесе сјај на семејството на Роналдо, како што тој самиот објави на Инстаграм, откако доживеа тежок момент бидејќи едно бебе не го преживеа породувањето. Името Есмералда им е познато на луѓето во Македонија пред се‘ поради познатата шпанска серија од 1990-тите, каде главната актерка беше именувана идентично, а ја играше Летиција Калдерон.


Фото: Инстаграм


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: