Сè повеќе млади девојки имаат проблеми со појавата на тикови: Главниот виновник е нешто што сите го правиме
Активност која е многу популарна кај младите...
Лекарите од целиот свет забележале дека кај младите сè повеќе се појавуваат тикови кои до пред пандемијата на коронавирус не ги имале. За ова не е виновна короната, но виновна е има активноста која сите почнаа да ја прават во последните години.
Тоа е „скролањето“ на ТикТок. Освен појавата на тикови, забележана е и сè почестата појава на депресија кај младите. Токму во текот на пандемијата, кога сè беше затворено и некаде не можеше да се оди, популарноста на ТикТок скокна. Сите на него поминуваме премногу време, иако сме свесни дека тоа не е добро. Сега лекарите предупредија на уште една последица која може да се појави по многу часови поминати на оваа социјална мрежа. Додека претходно имале по една или две личности месечно кои се јавувале со овој проблем, сега бројката скокнала на 10 - 20 за еден месец.
Тоа се случува поради видеата на оваа социјална мрежа, кои се кратки, брзи и кои се повторуваат. Некои лекари од САД кај своите пециенти забележале дека одредени зборови почнале да ги говорат со британски нагласок, иако немаат врска со таа држава, ниту луѓе кои се од таму, а со кои поминуваат време, туку само ги следат британските ТикТокери. И потоа зборовите кои тие најчесто ги повторуваат, стануваат дел и од нивниот говор. Ова не е единствениот вид на „тикови“ кој се појавува, туку тука се и некои движења и грчеви. Никој нема да свесен за тоа сам, но другите, особено родителите, детектираат доколку нешто не е како што треба.
фото: Nelli Syrotynska / Shutterstock