Сè што не сте знаеле за Леле Понс
#1 Опседната е со Шакира
Ова го има дури и јавно кажано, дека сака да ја улови Шакира и да се запознае со неа. Во едно интервју има изјавено дека таа има повеќе следачи од Шакира и дека ѝ пишува твитови секој ден. Сето тоа се испати, бидејќи пред еден месец, таа КОНЕЧНО успеа да ја запознае пејачката.
#2 Дислексична еЛеле отсекогаш отворено зборувала за нејзините проблеми на училиште. Кога на 5 години се преселила од Венецуела во Мајами, не била воопшто комуникативна, не знаела да чита, ниту да зборува англиски.
#3 Била малтретирана на училиште
Кажува дека на училиште била бубалица и поаради тоа била многу малтретирана од врсниците. Но сето тоа се сменило кога почнала да снима vines. Вели дека тогаш добивала повеќе почит од соучениците.
#4 Таа е првиот viner кој имал милијарда прегледи
Таа уште била тинејџерка кога ја достигнала оваа бројка - една милијарда прегледи. Оттогаш до сега има достигнато бројка од 7 милијарди на сега веќе неупотребливиот Vine.
#5 Има направено пластична операција на носот
Леле е доста отворена со фановите, па затоа на социјалните мрежи им објасни на сите зошто ја снемало одреден период и порача - „Сметам дека секој треба да го направи тоа што го прави среќен и му дава доверба. Ова е нешто што јас сакав да го направам одамна.“
#6 Сака да биде актеркаНа 18 години се преселила од Мајами во Лос Анџелес со цел да се пробие на холивудската сцена и сè уште ја има таа желба. Нејзиниот сон е да глуми во филм заедно со Леонардо ди Каприо.
#7 Скарана е со најдобрата пријателка
Аманда Серни и Леле Понс беа неразделни најдобри пријателки, меѓутоа и на тоа му дојде крајот во 2016-та. Се прашувате зошто? Аманда јавно ја објави причината - Леле скришно ѝ ги бришела профилите на социјалните мрежи на Аманда,ѝ ги бришела најпопуларните објави или ѝ го заклучувала профилот за никој да не ја следи.
#8 Сакала да биде пејачка
Уште од мала, пред воопшто да започне со Vine, имала желба да стане пејачка. Таа често пее во своите vines а има и песни на нејзиниот Јутјуб канал. Не се откажува од тоа еден ден да изгради музичка кариера.
#9 Се префрли на Јутјуб откако се распадна Vine
Наместо да плаче по распадот на Vine, таа се префрли на Јутјуб и си ги зеде нејзините милиони фанови со себе.
#10 Има објавено книга
Книгата “Surviving High School”, која е базирана врз нејзините средношколски денови се најде на листата на бестселери на Њујорк Тајмс.
Photo credits: @lelepons