Сакаме да учиме за да знаеме, а не за петките кои многу лесно се добиваа онлајн: Средношколец со молба до МОН
Министерството за образование најави дека се подготвува Концепт за развој на далечинско учење, а со самото тоа започнаа и шпекулациите дека новата учебна година нема да започне со класична настава и физичко присуство на учениците во училиштата. Од МОН одговoрија дека се работи интензивно на барање решенија за непречено одвивање на наставата во евентуално секакви сценарија кои се можни на есен, но дека тоа не значи дека е донесена одлуката.
Недоумници за тоа како ќе продолжи учебната година од септември се уште не се решени, а по ова прашања секојдневно на социјалните мрежи се изјаснуваат и многу ученици.
Еден од нив е Марко Доневски, кој во својата објава открива како всушност функционирал образовниот систем за време на трите месеци, кога учениците ја завршуваа учебната година од дома.
Оваа објава доби огромна поддршка, но исто така наиде на осуда. Кој е вашиот став? Што мислите - треба ли од септември да се вратите во училишните клупи?