Сакаш да примамиш повеќе ТикТокери на твојот профил: Ова се најпопуларните предизвици кои треба да ги испробаш
Веруваме дека лудо ќе се забавуваш обидувајќи се да изведеш одредени кореографии
Со повеќе од две милијарди преземања, кои ги забележа од своето основање во 2017 година до денес, ТикТок стана една од најпопуларните мобилни апликации на светот. Во што е неговата тајна?
Имено, оваа платформа, која од ден во ден бележи сѐ поголема популарност, освојувајќи ги младите ширум светот и тоа со бројните филтри, анимации, танцувачки кореографии и предизвици. Доколку се наоѓаш помеѓу оваа група и сакаш твојот ТикТок профил да биде постојано атрактивен, во продолжение ти ги пренесуваме популарните ТикТок предизвици кои мора да ги испробаш.
Веруваме дека лудо ќе се забавуваш обидувајќи се да изведеш одредени кореографии, а покрај тоа, користејќи поединечни песни и хаштази во рекорден временски период можеш да доведеш илјадници други ТикТокери на својот профил, што е една од водечките предности на оваа платформа. Па, да почнеме...
# Savage Challenge
Со над 674.9 милиони прегледи, ова е еден од најпопуларните предизвици на ТикТок мрежата. Доколку сакаш да го извежбаш до перфекција највиралниот танц на оваа платформа, @_tiktok_tutorials_60 ти нуди комплетни туторијали со помош на кои ќе танцуваш како вистински професионалец на популарната песна „Savage“ од Меган Ди Стелион.
# Tootisieslide Challenge
Добро познатите зборови на песната на Дрејк „Right foot up, left foot, slide. Left foot up, right foot, slide“, испирираа многу корисници на ТикТок да снимаат креативни танцувачки предизвици. Доколку сакаш да бидеш во тренд со актуелностите на оваа мрежа, „Toosie Slide“ е песната на која дефинитвно мора да заиграш на својот профил.
# Renegade Challenge
Светски познатата ТикТокерка Џалаја Хармон го започна #renegadechallenge кој моментално е еден од најтешките танцувачки кореографии на оваа мрежа. Доколку успееш да ја следиш оваа песна („Lottery“), верувај дека ќе ја освоиш ТикТок заедницата.
# Supalonely Challenge
Со над 206 милиони прегледи, овој танц стана еден од најголемите трендови на ТикТок. Доколку ја користиш оваа социјална мрежа, #supalonelychallenge најверојатно ти се има појавено како препорака. Време е тоа да го сфатиш како знак дека треба да се обидеш и ти да го изведеш истиот.
# Firstmovellastmove Challenge
Се што треба да направиш во овој предизвик е да го искористиш последниот танцувачки чекор на својот партнер како свој прв танцувачки чекор. Не мора да запомниш ништо друго. Веруваме дека истиот ќе заврши добро.
# Fridge Challenge
Покрај танцувачките предизвици, на ТикТок почесто се популарни предизвиците кои ги вклучуваат пријателите и семејството. Во овој предизвик, на пример, мора да побараш од своите пријатели од фрижидер да донесат нешто неочекувано. Кога сите твои пријатели ќе одговорат на ова, може да направите видео компилација и да ја објавите на мрежата со единствениот хаштаг.
# Cleaningszn Challenge
Некои секојдневни активности на ТикТок нема да ви паднат тешко кога сето тоа може да го забележите и да го споделите со онлајн заедницата на оваа мрежа. Затоа, крпата во раце и пуштете ја креативноста да го направи своето.
# Wipeitdown Challenge
Уште еден предизвик кој се поврзува со чистењето стана вирален на ТикТок - на истоимената песна го бришете стаклото и некаде на третото или четвртото „wipe“ се префрлате во својот алтернативен лик. Најдобро би било да погледнете како тоа го изведува Вил Смит.
# Fashion Challenge
Предизвикот кој девојките го обожуваат и кој одново можеш да го обновиш испробувајќи нови модни комбинации. Доколку сакаш твојот ТикТок профил барем на момент да тане „онлјан фешн шоу“, ова е вистинскиот избор за тебе.
# Flour Challenge
Дефинитивно еден од најзабавните предизвици на ТикТок. Како функционира? Имено, две личности седат пред сад во кој најчесто има брашно. Третата личност стои над нив и одговара на прашања кои почнуваат со „Кој“. Одговорот го дава така што ја потопува главата во брашно на личноста на која се однесува прашањето.
Доколку сакаш да бидеш во чекор со актуелните трендови на ТикТок платформата, препорака е секојдневно да ги следиш популарните хаштази и предизвици помеѓу кои сигурно ќе ги пронајдеш своите фавори и ќе успееш со малку труд да одговориш на нив.
Извор: teenstar.rs