Само 1 процент од луѓето го гледаат скриениот предмет во кругот: Одговорот ќе ве насмее, а илузијата ќе ве измачи (ВИДЕО)
Уметник кој се занимава со оптички илузии тврди дека на оваа фотографија само 1 процент од луѓето може да го видат скриениот предмет.
Уметник кој се занимава со оптички илузии и редовно ги објавува на својот ТикТок профил, претстави нова, интересна илузија, која самиот ја создал.
„Само 1 процент од луѓето може да видат кој предмет е скриен на оваа фотографија. Можете ли вие?“ - праша тој, покажувајќи го розовиот круг во кој се наоѓа предметот.
Тој им препорачува на следбениците да го известат ако влегуваат во тој еден процент на луѓе кои знаат што се наоѓа во кругот, а набрзо почнаа да пристигнуваат различни коментари. Помеѓу работите кои луѓето најчето ги наведуваа се дека гледаат шише или предмет сличен на конзерва.
Сепак, има и поинакви одговори - некои гледаат стара машина за куцање, други кредитна картичка, некои гледат шпорет, па дури и пејзаж. Меѓу предметите кои ги наведуваа во коментари се најдоа и тегла со налепница, хамбургер, кофа со боја.
Таквите различни одговори можеби сугерираат дека уметникот е во право, можеби навистина само еден процент од луѓето гледаат што навистина има во тој круг.
Што гледате вие?
фото: Принтскрин / ТикТок