Само поради Тоше 5 октомври е посебен: 13 години од концертот кој ќе се прераскажува уште долго
Пред точно 13 години, на денешен ден, нашиот најпознат пејач Тоше Проески го одржа својот последен концерт. Тој 5 октомври, како да претчувствуваше не ја штедетеше својата енергија на Градскиот стадион.
Како и повеќето негови концерти и овој беше со хуманитарен карактер, а собраните средства беа наменети за обнова на училиштата во Македонија.
Емотивен, забавен, пееше, комуницираше со публиката, ги гушкаше своите фанови.
Во продолжение погледнете го видеото од тој последен концерт и потсетете се уште еднаш на неговата енергија.
За тоа, колкава ѕвезда е Тоше, како кај нас, така на целиот Балкан, сведочат и многубројните кавери на негови песни кои ги отпеаа многу пејачки.