Само поради Тоше 5 октомври е посебен: 14 години од концертот кој ќе се прераскажува уште долго
Сè додека се слуша неговата музика, тој ќе остане вечен...
Пред точно 14 години, на денешен ден, нашиот најпознат пејач Тоше Проески го одржа својот последен концерт. Тој 5 октомври, како да претчувствуваше не ја штедетеше својата енергија на Градскиот стадион.
Како и повеќето негови концерти и овој беше со хуманитарен карактер, а собраните средства беа наменети за обнова на училиштата во Македонија.
Емотивен, забавен, пееше, комуницираше со публиката, ги гушкаше своите фанови.
Во продолжение погледнете го видеото од тој последен концерт и потсетете се уште еднаш на неговата енергија.
За тоа, колкава ѕвезда е Тоше, како кај нас, така на целиот Балкан, сведочат и многубројните кавери на негови песни кои ги отпеаа многу пејачки.