Само ваква жена раѓа ненадминлива убавина: Ќерката на Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас воодушевува, но има и несигурности (ФОТО)
Двојката заедно доби две деца, а шармантната актерка истакнува дека најдобро се забавува кога поминува време со ќерката...
Велшката актерка Кетрин Зета Џонс ретко споделува семејни моменти на Инстаграм, па затоа нејзините обожаватели се воодушевени од најновата фотографија која ја објави.
Ѕвездата од новата серија „Wednesday“, во која Кетрин Зета Џонс ја игра Мортиша Адамс, сподели фотографија на која ја прегрнува својата ќерка Керис, додека една со друга се гледаат со многу љубов.
„Еден од моите омилени видови на забава е да поминувам време со моето, слатко девојче. Времето е за шопинг и женски моменти“ - напиша актерката во пресрет на божиќните празници.
Керис Зета Даглас е едно од двете деца кои Кетрин Зета Џонс ги доби во бракот со холивудската легенда Мајкл Даглас, со кој го има и синот Дилан.
Ќерката на познатата двојка има 19 години, а веќе ја започна својата кариера како модел. Покрај тоа што со мајка ѝ ги красеше насловните страници на многу престижни магазини, таа позираше и за една кампања на „Фенди“, а признава дека работа најмногу се забавува ако ѝ прави друштво нејзината мајка.
„Многу се забавувавме на снимањето. Имаме слична смисла за хумор и секогаш заедно се смееме. Таа навистина е најзабавната личност која ја знам“ - ја пофали Керис својата мајка.
Инаку, Керис не е толку воодушевена со тоа што медиумите го следат секој нејзин чекор, а неодамна призна дека и не споделува фотографии од летување, бидејќи стравува дека не е доволно убава за да ги задоволи критериумите на критичарите на социјалните мрежи.
„Долго време сум повлечена од Инстаграм, мислејќи дека тоа е место на кое сѐ мора да биде совршено. Не е проблем ако сакате да ја покажете убавата страна на својот живот, но на Инстаграм почнав да гледам нешто што морам да го направам, наместо нешто што сакам да го правам, колку е тоа смешно“ - објасни таа.
Керис, инаку се надева и на актерската кариера и наскоро ќе го претстави својот прв голем проект.
фото: Принтскрин / Инстаграм